Книжевна манифестација „Есен во Гази Баба“

 

Книжевна манифестација „Есен во Гази Баба“ пета по ред, Литературен конкурс „Есеј во есен“.

На 30.10.2019 за основните училишта од град Скопје манифестацијата започна во локалитетот Тумба Маџари со преставување на учениците и присуство на неколку познати поети и писатели.

Од нашето училиште земаа учество и добија награди учениците:

Мане Манов од 9 одд, Андреј Ивановски од 7 одд, Ива Тасевска од 9 одд. и Мирјам Марија Алморајати од 8 одд. заедно со нивните ментори Соња Златевска и Сања Пецевски.

На 31.10 манифестацијата продолжи во училиштето Григор Прличев каде беа прогласени трите најдобри есеи.

За најдобар есеист доби награда Мане Манов од 9 одд. од нашето училиште кој ќе биде награден со гостување на поетскиот фестивал „Детски лирски треперења“ во Охрид заедно со менторот Соња Златевска каде наградените же другаруваат со млади поети од други места и градови со познати автори за деца и млади, а нивните есеи ќе бидат објавени и во алманахот на Фестивалот.

 

Related Post