Регионален натпревар во спелување по француски јазик

На 15.11.2019 година, се одржа регионален натпревар во спелување по француски јазик, за седмо одделение, на којшто земаа учество и ученици од нашето училиште „Наум Наумовски-Борче“-Скопје и тоа: Марија Пешевска од VII-б, Ана Марија Наунчевска и Викторија Велковска од VII-a одделение. Марија Пешевска и Викторија Велковска покажаа одлично знаење, а Ана Марија Наунчевска освои прво место и ќе учествува на државниот натпревар.
Ана Марија, среќно!

Related Post