Упис на првачиња

СООПШТЕНИЕ

 

ООУ „Наум Наумовски Борче“ – Скопје, ќе започне со запишување на учениците кои ќе посетуваат прво одделение во учебната 2020/2021 година.

Во прво одделение основно образование ќе се запишуваат учениците кои до крајот на календарската година (31.12.2020) ќе наполнат 6 години. Во прво одделение може да се запишат и деца кои до 31 јануари 2021 година ќе наполнат 6 години, по барање на родителот/старателот и добиено мислење од педагог и психолог на училиштето.

За запишување на ученикот потребно е да пополните ПРИЈАВА, која можете да ја преземете ТУКА и истата да ја испратите на следната е-маил адреса upisinnb@gmail.com, најдоцна до 01.06.2020 година.

Доколку не сте во можност електронски да ја пополните пријавата ќе

можете да ја подигнете од училиштето секој работен ден од 9 – 12 часот.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УПИС:

  1. Извод од матична книга на родените на ученикот (може и копија);
  2. Потврда за примени задолжителни вакцини;
  3. Потврда за систематски преглед издадена од стоматолог;
  4. Лична карта од родител – на увид.

Потребните документи треба да бидат доставени на денот на интервјуто на вашето дете. Интервјуто ќе се реализира во јуни, а за терминот дополнително ќе бидете известени.

В.д. Директор

_______________________

Јовица Николовски

Related Post