За остварување на интересите на учениците во нашето училиште се организираат во ученичка заедница на паралелките,за прв пат оваа учебна година таканаречен  ученички парламент. Ученичкиот парламент го сочинуваат претседателите на заедниците на паралелките. Првото свикување на ученичкиот парламент го оддржа директорот на училиштето. Ученичкиот парламент активно учествува во застапување и промовирање на правата и интересите на учениците, го промовира ученичкиот активизам, учествува во подготовката на годишната програма за работа, дава предлог-активности за годишните програми за екскурзии, дава предлози за воннаставни активности на училиштето, како и предлози за подобрување на воспитно-образовниот процес.Освен тоа, учениците учествуваат во оценувањето на работата на училиштето, а преку свои претставници учествуваат и во советот на родители, наставничкиот совет, организираат и учествуваат во хуманитарни активности, еколошки активности и општествено корисна работа.На состанокот беше избран и претседателот на ученичкиот парламент и ученичкиот правобранител за прв пат во оваа учебна година кој ќе се грижат за заштита и унапредување на правата на учениците во училиштето.

 

 

.