Почитувани ученици и родители,

Учебната 2022/23 година започнува со следниот распоред на часови:

  • I одделение I смена од 10.30 часот,
  • II до V одделение I смена од 7.30 часот,
  • VI до IX одделение II смена од 13 часот.

Ви посакуваме успешна учебна година.

Упис на првачиња

Почитувани родители/старатели,

ООУ„Наум Наумовски Борче“ – Скопје, Ве известува дека Согласно Законот за Основно образование ќе врши запишување на учениците кои ќе посетуваат прво одделение во учебната 2022/2023 година од 03.05.2022 до 31.05.2022 година.

Право на запишување во прво одделение имаат:

  • деца кои до крајот на календарската година ќе наполнат шест години (сите деца што се родени во 2016 година).
  • деца кои ќе наполнат шест години до 31 јануари наредната година (деца што се родени до 31.01.2017 година) по претходно барање од родителот и добиено мислење од од педагог или психолог во училиштето.

При запишување на детето во прво одделение родителот е должен да ги достави следните документи:

  • Извод од матична книга на родените на детето (може и копија)
  • Потврда за примени задолжителни вакцини на детето
  • Потврда од стоматолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа
  • Потврда од офталмолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа
  • Лична карта од родител – на увид.

При запишување на дете со попреченост да се достави мислење од комисија за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена подршка според МКФ.

За запишување на ученикот може да пополните ПРИЈАВА која ќе ја симнете тука (Пријава за упис на ученици во прво одделение) и истата да ја испратите на следната е-маил адреса strucnisorabotnicinnb@yahoo.com. Доколку не сте во можност електронски да ја пополните пријавата ќе можете да ја подигнете од училиштето секој работен ден од 9 – 14 часот. Уписот ќе се организира во месец мај, а за термин за опсервација на детето дополнително ќе бидете известени по пријавувањето.

Одбележување на патрониот празник на училиштето.

Одбележување на патрониот празник на училиштето

  •  

Положување цвеќе пред бистата на Наум наумовски-Борче
Сојузот на борците на општина Гази Баба положи цвеќе пред бистата на народниот херој Наум Наумовски-Борче по повод Денот на училиштето и донираше садници кои беа засадени во училишниот двор.
 


Отворен ден по Граѓанско образование
На 26.02.2021 година со почеток од 11.00 часот, учениците од VIII и IX одделение одржаа отворен ден по Граѓанско образование. На настанот учениците ги презентираа стекнатите знаења, вештини, иницијативи и активностите кои ги реализираа:
Презентација на учениците од 9 одд. на тема „Лекцијата што ја научивме од пандемијата“;
Презентација на учениците од 8 одд. на тема „Активна улога на граѓаните во демократското општество“;

  • Онлајн средби „Другаруваме во 5 до 5“ секоја среда со учениците од 9 одд.;
  • Изработка на Куќен ред за физичко присуство на учениците во услови на пандемија;
  • Хуманитарна акција „Еднакви можности за сите“.

На настанот присуствуваа претставници од БРО, МЦГО, наставници и ученици.
одговорен наставник: Лилјана Стефановска

  •