Учениците се вклучени на различни начини и на различни нивоа на одлучување за сите нешта што ги засегаат во училиштето.
Учениците партиципираат во скоро сите домени од училишното живеење, поврзани со: наставата, воннаставните активности, односите меѓу учениците, односите со возрасните, физичките услови во училиштето.
Сите ученици во училиштето ја сочинуваат училишната заедница. Учениците имаат право на ученичко организирање на ниво на паралелка и училиште. За организирано остварување на интересите на учениците во основното училиште, учениците се организираат во заедница на паралелка и ученички парламент. Ученичкиот парламент го сочинуваат претседателите на заедниците на паралелките.
Претседател на Ученичкиот парламент е Нела Панчевска од VIII а одделение..
Ученички правобранител е Теа Милошевска од VIII б одделение.