Запишување ученици во прво одделение во учебната 2024/25 година
Почитувани родители/старатели,
ООУ „Наум Наумовски Борче“ – Скопје, Ве известува дека Согласно Законот за Основно образование ќе врши запишување на учениците во прво одделение за учебната 2024/2025 година од 02.05.2023 г. до 31.05.2024 година.
Право на запишување во прво одделение имаат:
• деца кои до крајот на календарската година ќе наполнат шест години (сите деца што се родени во 2018 година).
• деца кои ќе наполнат шест години до 31 јануари наредната година (деца што се родени до 31.01.2019 год.) по претходно барање од родителот и добиено мислење од педагог/ психолог во училиштето.
При запишување на детето во прво одделение родителот е должен да ги достави следните документи:
• Извод од матична книга на родените на детето (може и копија)
• Потврда за примени задолжителни вакцини на детето;
• Потврда од стоматолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа;
• Потврда од офталмолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа;
• Лична карта од родител – на увид.
При запишување на дете со попреченост да се достави мислење од комисија за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна , социјална и здравствена подршка според МКФ.
За запишување на ученикот може да пополните ПРИЈАВА и истата да ја испратите на следната е-маил адреса strucnisorabotnicinnb@yahoo.com
Доколку не сте во можност електронски да ја пополните пријавата ќе можете да ја подигнете од училиштето секој работен ден од 8 – 14 часот.
За термин за опсервација на детето дополнително ќе бидете известени по пријавувањето.