02/2521092

ООУ„НАУМ НАУМОВСКИ БОРЧЕ“

Меѓународен ден на математиката

14.3 е одбран за Меѓународен ден на математиката во чест на Пи.
14 март е симболично одбран за Меѓународен ден на математиката.
Ако овој датум се напише во стилот месецот пред денот се добива бројот 3.14 што е симбол за математичката константа Пи која го означува размерот на обиколката на една кружница со нејзиниот пречник.
Се нарекува и Архимедова константа според старогрчкиот математичар Архимед кој прв ја пресметал точната вредност на плоштината на кругот или Лудолфов број според математичарот Лудолф ван Цојлен кој пресметувал со многу децимали.
Во чест на Денот Пи, предметните наставници по математика Маја Д.Бошевска, Валентина Коруновска и Билјана Велјановска и учениците од 6то до 9то одделение приредија уникатен настан со факти, шеги , натпревар и пити во чест на Математичката константа Пи.

мцмалцлкдамцклдас