Ден на менталното здравје

den na mentalnoto zdravje 10 10 2025

Ден на менталното здравје

10 Октомври е ден кога треба да се потсетиме колку е важно менталното здравје, а особено на најмладите, оние кои треба да бидат нашата надеж за здрава и квалитетна иднина
Менталното здравје во училишен контекст значи одржување на редовна ментална хигиена-а тоа значи секојдневна грижа за оддржување на здрави навики и вредности.
Во рамки на одбележувањето на детската недела и мотото
ДЕТЕТО ДЕНЕС – ИДНИНАТА УТРЕ, со учениците од 4то-9то одд. и учениците од дневен престој (1-3 одд), беше реализирана работилница за креирање на “Дрво на иднината-дрво на добрината”.
Учениците беа исклучително креативни со истакнување на значајни вредности
(ЧЕСНОСТ, ИСКРЕНОСТ, ТРУДОЉУБИВОСТ, ЉУБЕЗНОСТ, ПОЧИТУВАЊЕ, ЕМПАТИЈА, СОРАБОТКА, ЕКОЛОШКА СВЕСТ, МЕЃУСЕБНО РАЗБИРАЊЕ И ПОДДРШКА, АКТИВНО УЧЕСТВО…)
Со единствена порака “Коренот на иднината е во вистинските вредности”
#Деца #Вредности #Иднина