Детска недела во нашето училиште

detska nedela vo naseto uciliste 10 10 2025

Детска недела во нашето училиште

Детската недела е време кога сите заедно — ученици, наставници и родители — се потсетуваме дека детето е најголемото богатство на светот.
Во оваа недела зборуваме за љубовта, грижата и правата на децата, затоа што секое дете има право:
да биде среќно, сакано, безбедно, да се игра, учи и расте во мир и почит.
Во нашето училиште ја славиме детската радост со активности, игри, песни и насмевки.
Сакаме сите деца да се чувствуваат посебни, прифатени и ценети.
Да не заборавиме:
Детето има право на љубов,
Право на образование,
Право на игра,
Право да го каже своето мислење,
И право да сонува за подобар свет!
Нека оваа Детска недела биде потсетник дека детството е најубавото време во животот — време кога учиме, се смееме и растеме заедно!
Учениците од активот на 5 одделение, Детска недела во нашето училиштеја одбележаа детската недела со низа активности.