По повод Меѓународниот ден на мирот, учениците од ООУ „Наум Наумовски Борче“ – Гази Баба и ООУ „Васил Главинов“ – Чаир ни покажаа дека мирот започнува од нашето однесување кон природата!
На креативната и едукативна работилница тие учеа за значењето на правилното постапување со електронскиот отпад и како преку одговорни избори можеме да изградиме поодржлив и хармоничен свет.
Со своите изработки и идеи учениците испратија силна порака:
– Секој од нас може да биде дел од промената!
– Малите чекори кон правилно рециклирање носат големи чекори кон мирна иднина!
– Ајде сите заедно да живееме во мир со природата!
#ЕОтпад #МирСоПриродата #ОдговорнаИднина #МеѓународенДенНаМир