Развивање на емпатија, пријателство и поддршка

Развивање на емпатија пријателство и поддршка 07 11 2025

Развивање на емпатија, пријателство и поддршка

Денес со учениците од 8в одделение се одржа обука на тема: „Развивање на емпатија, пријателство и поддршка за ученици кои се на лекување во здравствени установи или на домашно лекување„ како дел од проектот на МОН-воведување на формално образование за децата на подолготрајно лекување во болнички или домашни услови. Обуката беше спроведена од страна на НВО САНО, со подршка на Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука. Учениците имаа можност да зборуваат што значи пријателство, грижа и разбирање за соученици кои се на лекување и како сите заедно можат да понудат поддршка.