Денес со учениците од 8 и 9-то одделение беше реализирана работилница на тема ,,Рециклирање и реупотреба на електронски отпад” спроведена од организацијата за културна соработка-Интеркултура. Работилницата беше насочена кон запознавање на обновливите извори на енергија како и рециклирањето на електронскиот отпад. Во текот на работилницата самите ученици дадоа интересни согледувања и идеи како може да се реши проблемот со искористување на обновливите извори на енергија и електронски отпад.