Моќноста на книгата во дигиталниот свет

Моќноста на книгата во дигиталниот свет 13 11 2025

Моќноста на книгата во дигиталниот свет

По повод одбележувањето на ,,Месецот на книгата”, училишната библиотека организираше настан на тема ,,Моќноста на книгата во дигиталниот свет” со цел да се истакне трајната вредност на книгата и читањето дури и во современото дигитално време. Во рамките на програмата се одржа панел-дискусија на која учествуваа автор, наставници, ученици и се говореше како технологијата го менува начинот на кој учиме, читаме, размислуваме и на кој начин да ја задржиме љубовта кон книгата кај младите читатели.
На крајот се промовираа сите наградени ликовни и литературни творби на истоимениот конкурс. Благодарност до сите чинители (ученици, наставници, родители, издавачката куќа ,,Арс Ламина” и нивната млада поетеса и автор за деца Ана Салџиева) кои ни дадоа целосна поддршка.