Посета од снимателска екипа и новинарка и претставници од OBSE
Во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, нашето училиште имаше чест да биде посетено од снимателска екипа и новинарка како и претставници од OBSE.
Учениците беа дел од интервјуа во кои ги споделија своите искуства, впечатоци и придобивки од дружењето и заедничкото учење.
Целта на овие активности е поттикнување на толеранција, почитување на различностите и создавање пријателства кои ја надминуваат училницата.
Во овој проект ,,Градиме нови мостови,, учениците учествуваа две години на ниво на одделение во четврто и петто одделение предводени од одделенскиот наставник Дијана Николовска.
Ви пренесуваме дел од атмосферата преку фотографиите.
#МеѓуетничкаИнтеграција #УчимеЗаедно #Толеранција #Пријателство #OBSE #MIO #MON #мио #мон







Поврзани содржини