Во нашето отворено едукативно катче, учениците од 4б одд. реализираа наставна содржина во рамки на слободните активности, каде учениците имаа можност да учат преку директно искуство, да играат, истражуваат и развиваат социјални вештини.
Учењето во природа, односно надвор од училишните клупи има мултидисциплинарни предности:
– Подобрување на здравјето – свеж воздух, физичка активност, престој на отворено.
– Развивање љубов кон природата – препознавање растенија, животни, зачувување на животната средина.
– Социјални вештини – тимска работа, соработка, почитување правила.
– Самостојност и одговорност – грижа за чиста и здрава еколошка, грижа за себе, почитување дневен распоред.
– Применливо учење – практични задачи од природни науки, математика, јазик, уметност.