ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА ХУМАНИТАРЕН НАСТАН ЗА СОБИРАЊЕ СРЕДСТВА: „ПОДАЈ РАКА ЗА НАС“ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ООУ„НАУМ НАУМОВСКИ БОРЧЕ“ на ден 06.11.2023 (понеделник) со почеток во 16 часот

Цел на настанот: Набавка на асистивна технологија, за потребите од поефективно, активно вклучување за време на часовите и олеснување на процесот на учење за учениците со посебни образовни потреби.

Начин: Креирање на штандови и продажба на здрава храна, подготвена од учениците, наставниците и родителите, со нагласена употреба на јаболкото во исхраната.

Настанот ќе има продажен карактер.

Ќе ни биде особена чест и задоволство и Вие да бидете дел од овој хуманитарен настан.

Овие активности се дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“, имплементиран од Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“, финансиски поддржан од Детската фондација Песталоци.