ЈАВЕН ПОВИК  ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА УЧЕНИЦИ СО ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ ПОТРЕБИ ЗА УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА
📜 Распишан е Јавен повик за доделување стипендии на ученици со посебни образовни потреби од Општина Гази Баба за учебната 2023/2024 година со општи одредби:
1️⃣ Износот на стипендијата изнесува 3.000,00 денари месечно без пресметан персонален данок. Персоналниот данок на стипендијата го пресметува и плаќа Општина Гази Баба.
2️⃣ Стипендијата се исплаќа од први до петти во текот на месецот за претходниот месец, седум месеци непрекинато во текот на учебната година, почнувајќи од месец декември од тековната календарска година заклучно со месец јуни од наредната календарска година.
3️⃣ Во учебната 2023/2024 година Општина Гази Баба доделува 5 стипендии за ученици со посебни образовни потреби
На  следниот линк може да го погледнете во целост објавениот
🔗Јавен повик https://bitly.ws/3357m