ООУ„Наум Наумовски Борче“ Скопје врз основа на Правилникот за Првенец на генерација, распишува

К О Н К У Р С

за избор на ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈА

2015/2016-2023/2024

Право на учество на конкурсот имаат сите ученици од деветите одделенија кои ги исполнуваат следниве критериуми од Правилникот:

К Р И Т Е Р И У М И

1. Успех и поведение во текот на основното образование

2. Учество во воннаставни активности

3. Успех на натпревари и освоени награди од поедини предмети

4. Успех на конкурси, ревии, манифестации, изложби и квизови

5. Успех на спортски активности

6. Раководство во Одделенска заедница и во Ученички парламент

7. Мислење од Наставнички совет

Врз основа на член 6 од Правилникот за првенец на генерација, Кандидатите кои ќе се пријават на распишаниот Оглас треба да приложат CV-кратка биографија , истата треба да содржи основни лични податоци, наведени Свидетелствата , односно постигнатиот успех за секоја учебна година, наведени учества на воннаставни активности (секции) за секоја учебна година, наведени освоените награди и учества на натпревари за секоја учебна година, да се наведе раководството во одделенска заедница за секоја учебна година, како и раководство во Ученичкиот праламент (доколку кандидатот бил член на некои од училишните заедници).

Конкурсот трае од 20.05.2024 до 10.06.2024 година

Документите да се поднесат до Училишната комисија за избор на Првенец на генерација (Стручна служба), секој работен ден од 08.00 до 14.00 часот (документите може да се достават оригинал или копија).

20.05.2024 година

Директор, Светлана Петровска