Целта на проектот е да се промовираат еднакви можности за сите ученици, воспоставување позитивна клима во училиштето и трансформација на училницата или училишниот простор во инклузивна и стимулативна средина за учење каде секое дете ќе се чувствува прифатено со посебен акцент за целосна меѓуетничка интеграција во наставата – заеднички наставни часови по ликовно образование како и воннаставни активности
ЗАЕДНИЧКИ ЧАСОВИ ПО ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ СО ООУ„25 МАЈ“
Посета на Планетариум при МКЦ помеѓу нашето училиште и партнер училиштето ООУ:,,25Мај,, во склоп на проектот МИО-,,Градиме нови мостови,на оваа активност присуствуваа учениците од IV-а,б,в одделение во придружба на координатор Даниела Караташова (училишен социолог),одделенските наставнички Дијана Николовска,Анета Пешевска и Соња Николова и учениците од IV-1 одд. од партнер училиштето заедно со одделенската наставничка Сузана Курбардовиќ.На оваа воннаставната активност како дел од проектот МИО подржан од ОБСЕ,МОН и општина Гази Баба присуствуваа и претставници од ОБСЕ.