Здружението за асистивна технологија Отворете ги прозорците, во рамки на проектот Инклузија на деца со посебни образовни потреби, поддржан од Детската фондација Песталоци, отвара повик за стипендирање на 100 ученици од 24 проектни училишта, кои се редовни ученици во тековната учебна година 2022/2023 година. Целта на стипендиите е финансиски да се поддржат ученици со посебни образовни потреби кои потекнуваат од социјално загрозени семејства, за да не го напуштат образованието поради материјални трошоци за образованието.

Потребни документи за пријавување: 

  • Целосно пополнета пријава од претставник од училишен инклузивен тим во соработка со родител/старател.(линк)
  • Потврда за редовност на ученикот/чката од училиштето каде што е запишан ученикот/чката со потпис и печат во оригинална форма. Потврдата се доставува во електронска форма скенирана, а оригиналот се чува кај вас и при прва посета во училиштето ќе биде подигната од тимот на проектот.
  • Оригинална потврда од Центарот за социјална работа за користење на гарантирана минимална помош или било каква помош од државата не постара од 6 месеци. Потврдата се доставува во електронска форма скенирана, а оригиналот се чува кај вас и при прва посета во училиштето ќе биде подигната од тимот на проектот.
Подетални информации околу можноста за пријавување и добивање на стипендија, може да се најде во повикот во прилог на пораката.
Рокот за пријавување е до 03.05.2023 година