ООУ „Наум Наумовски Борче“ одбележа 62 години од постоењето со свечена програма подготвена од учениците и наставниците.
Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски присуствуваше на одбележување на патрониот празник и пред присутните гости се обрати и порача секоја наредна година училиштето да брои се поголеми успеси.
"Благодарение на образованието, имаме можност да ги разбереме работите коишто не опкружуваат, да ги објасниме различните појави, да го искажеме својот интерес и да ги покажеме своите можности. " - истакна тој.