Светски ден на детето
По повод Светскиот ден на детето, во нашето училиште реализиравме низа значајни и инспиративни активности посветени на детските права, вистинските вредности, безбедноста и гласот на учениците.
🔸 Одделенски заедници – „Вредности што нè прават подобри луѓе“: Разговаравме и творевме за емпатијата, почитта, другарството и одговорноста – вредностите што нè градат како луѓе.
🔸 Работилница со членовите на Ученичкиот парламент – „Кругови на добрината“: Истражувавме што добро можеме да направиме за себе, за другар/другарка, за член на семејството и, во најширокиот круг, за целата училишна заедница. Затоа што промените и добрината секогаш почнуваат од нас самите! 🌱💛
🔸 Обука за сајбер насилство и екранизам: Со поддршка на Здружение на граѓани Виктори Ин Здружение на граѓани Виктори Ин, учениците стекнаа корисни сознанија за безбедно и одговорно користење на дигиталниот свет и за градење здрави навики далеку од екраните. Заклучивме дека побезбедна е комуникацијата кога сме off line оттколку on line📱🛡️
🔸 „Среда – Ден на ученички идеи“: Нашите ученици ја искористија можноста да ги споделат своите предлози и визија за поубава, попријатна и поквалитетна училишна заедница💡🏫
Кога се потпираме на вистински вредности и на добрина што почнува од секој од нас, природно се раѓаат и квалитетните идеи за подобра училишна заедница! 🌟
Благодарност до сите ученици, одделенски заедници, членови на Ученичкиот парламент и до Здружение на граѓани Виктори Ин за поддршката и заедничката енергија.
Среќен Светски ден на детето! 🎈📚
#СветскиДенНаДетето #ОдделенскиЗаедници #УченичкиПарламент #КруговиНаДобрината #Вредности #ДенНаУченичкиИдеи #СајберНасилство #Екранизам #ВикториИн #УчилишнаЗаедница #ДобринатаПочнуваОдСебе







Поврзани содржини