Годишна програма за работа
ООУ „Наум Наумовски Борче“ – Гази Баба
за учебната 2025/2026 година 📚
Во Годишната програма се организира и планира реализацијата на целокупната работа на училиштето во текот на учебната година 📚.
Во неа се дефинираат:
-
подрачјата на промени,
-
приоритетите и целите,
-
акциските планови,
-
начинот на евалуација на акциските планови,
со цел континуирано унапредување на воспитно-образовната работа во училиштето 🎯.
Појдовен аспект на Годишната програма за работа на ООУ „Наум Наумовски Борче“ се темели врз резултатите од Самоевалуацијата на училиштето, Програмата за развој на училиштето, како и согледувањата на Училишниот одбор, Советот на родители, Наставничкиот совет и ученичките иницијативи.
Програмата опфаќа повеќе развојни приоритети и стратегии насочени кон подобрување на квалитетот на наставата и целокупниот училишен живот 🏫.
