Нашите ученици ја претставуваат Македонија на Fide Iscf World Schools Team Championship 2026!
🇲🇰 Со голема радост и гордост споделуваме дека учениците од ООУ „Наум Наумовски Борче“:
♟️ Никола Петровски
♟️ Бојан Панов
♟️ Дина Панова
♟️ Давид Славковски
како претставници на Македонија, учествуваат на FIDE ISCF World Schools Team Championship 2026 – European Continental Stage, кој се одржува од 28 септември до 3 октомври 2026 година во Цахкадзор, Ерменија.
Ова престижно меѓународно натпреварување обединува училишни шаховски тимови од Европа и претставува прекрасна можност младите шахисти да ги покажат своите знаења, вештини и тимски дух, но и да стекнат нови искуства и пријателства.
Им посакуваме на Никола, Бојан, Дина и Давид успешни партии, мудри потези, спортски дух и незаборавно искуство!
Горди сме што нашите ученици гo претставуваат нашето училиште и Македонија на едно вакво значајно меѓународно шаховско натпреварување! 🇲🇰❤️







Поврзани содржини