21 Септември – Меѓународен ден на мирот
Денес учениците од активот на прво одделение го одбележаа 21 Септември – Меѓународниот ден на мирот.
Преку разговор, игра и креативни активности, учениците учеа дека мирот значи љубов, добрина, почит, пријателство и меѓусебно разбирање. 💙
Со своите пораки и изработки испратија едноставна, но важна порака:
🕊️ „Да бидеме добри едни кон други и да живееме во мир!“
Нека нашите најмали секој ден го градат светот со насмевка, добрина и мир. 🌍💙







Поврзани содржини