Безбедноста е на прво место!
🚨 Денеска во нашето училиште успешно реализиравме вежба за евакуација во случај на земјотрес.
Целта на оваа вежба беше да се оспособиме за правилно, организирано и безбедно постапување при природна непогода, без создавање паника.
Учениците и наставниците ги следеа клучните чекори:
1️⃣ Спушти се (веднаш на колена)
2️⃣ Засолни се (под цврста клупа или крај внатрешен ѕид)
3️⃣ Држи се (за ногарката на клупата)
Со смиреност, дисциплина и почитување на евакуациските патеки, успешно ја завршивме вежбата и покажавме дека подготвеноста е клуч за безбедност! 🏫🤝
#Земјотрес #ПланЗаЕвакуација #Безбедност #Училиште #Вежба







Поврзани содржини