Поддршка на знаењето, талентот и различностите!

🎓🌟 Со особено задоволство го поздравуваме доделувањето стипендии од страна на Општина Гази Баба на надарени и талентирани ученици, како и на надарени и талентирани ученици со посебни образовни потреби за учебната 2026/2027 година!
Оваа иницијатива претставува значајна поддршка и поттик за младите кои со своите знаења, способности, таленти, креативност и посветеност покажуваат дека секое дете има потенцијал што заслужува да биде препознаен и поддржан.
Стипендиите не се само финансиска поддршка, туку и порака дека трудот, упорноста, талентот и индивидуалните способности се вреднуваат, а еднаквите можности за сите ученици се темел на инклузивно и праведно општество.
👏 Честитки за нашите ученици:
● Калина Петровска IXа одделение
● Марко Митевски IXв одделение
● Иван Ангеловски VIIIб одделение
● Петар Саздовски VIIа одделение
● Бојан Панов VIв одделение
Ова признание е потврда дека знаењето, посветеноста, истрајноста и желбата за напредување секогаш го наоѓаат својот пат до успехот.
Честитки до сите стипендисти! Ви посакуваме уште многу успеси и светла иднина!

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.