Библиотекар на годината за 2025 година
📚БИБЛИОТЕКАР НА ГОДИНАТА ЗА 2025 ГОДИНА „ПАВЛИНА ЦУНЕВА МАКАЗЛИЕВА“:
– Милчо Јованоски од јавните библиотеки;
– Ленче Славковска од училишните библиотеки.
👉ЛУ Библиотека „Благој Јанков Мучето“ од Струмица во соработка со „Просветно дело“ од Скопје и оваа година традиционално распиша јавен конкурс за доделување признание БИБЛИОТЕКАР НА ГОДИНАТА ЗА 2025 ГОДИНА „ПАВЛИНА ЦУНЕВА МАКАЗЛИЕВА“ за врвни достигнувања во областа на библиотекарството и информациската дејност.
👉Годинава признанија се доделуваат на Милчо Јованоски, виш библиотекар во НУ „Григор Прличев“ во Охрид (од јавните библиотеки) и на Ленче Славковска од ООУ „Наум Наумовски Борче“ (од училишните библиотеки).
👉Комисијата одлучи благодарници да добијат и следниве библиотекари: Моника Талеска, Елена Станкоска, Ѓултен Ајрули, Славица Тодорова и Дијана Петкова за особен придонес во библиотекарството.
👉Доделувањето на признанијата и благодарниците се одржа на 5 Јуни 2026 година (петок) во Домот на АРМ (Голема сала) во Струмица во 11:30 часот на традиционалното советување „Библиотеките – темел на писменоста“.







Поврзани содржини