Да оставиме пример, не ѓубре!!!

Денес нашето училиште се приклучи на големата еколошка акција – да оставиме пример, не ѓубре!!! Со учениците од еко-одборот од 6то – 9то одделение се спроведе еколошка акција за чистење на училишниот двор и училишната околина.
Преку оваа активност, учениците испратија јасна порака за важноста на зачувувањето на животната средина, одржувањето на чиста и здрава околина и развивањето еколошка свест и одговорност кај младите.
🌱🌳🍀 Да бидеме пример за почиста и позелена иднина! 🌳🍀🍃

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.