Детска недела: вторник во знакот на креативноста, другарството и демократијата!

​Денешниот ден во нашето училиште помина во извонредна атмосфера исполнета со детска имагинација, значајни средби и инспиративни пораки! 👭👬
​🖍 „Мојот свет од соништата“
Училишниот двор се претвори во големо шарено платно! Нашите најмали ученици со многу насмевки уживаа во својот „креативен хаос“ и го нацртаа својот свет од соништата со креди на асфалтот. 🌈🖌
​🧸 Добредојдовте, идни првачиња!
По посебен повод, училишната библиотека ги отвори своите врати за нашите најмили гости – дечињата од градинката! Нашите идни првачиња уживаа во топлата атмосфера, ги разгледуваа сликовниците и одблизу го почувствуваа магичниот свет на книгите.📚👧👦
​📣 Кампања на Ученичките правобранители!
Во рамките на детските права и партиципација, кандидатите за ученички правобранители ја започнаа својата кампања и се претставија пред сите одделенски заедници, промовирајќи ги правата, одговорностите, меѓусебното почитување и подготвеноста за активно делување во Училишната заедница.🗳️🤝
​💬 Интерактивна работилница: „За да бидеш среќен, треба да си добар — А како се станува добар?“
Учениците од Ученичкиот парламент реализираа интерактивна активност „од учениците – за учениците“(поголемите за помалите). Тие се дружеа, играа и разговараа за спомените со своите најблиски-семејството кои засекогаш ќе останат во архивите на нашите мисли. ❤️✨
​📝 „Детството е најубавата приказна – да ја испишеме со насмевка!“
Под ова инспиративно мото, учениците од предметна настава на часот по македонски јазик ги преточија своите мисли и емоции во прекрасни литературни творби и есеи. 📖✍️
​Ви благодариме на сите за искрените насмевки, љубопитноста и прекрасната енергија! 📸
Разгледајте ги сите фотографии од денешните активности👇
​#ДетскаНедела #КреативенХаос #МојотСветОдСоништата #ИдниПрвачиња #КампањаУченичкиПравобранител #УченичкиПарламент #ОдУченицитеЗаУчениците #ООУНаумНаумовскиБорче #СреќниДеца

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.