Двоен празник во нашето училиште: Светски ден на учителот и Почеток на детската недела!
Денешниот ден во нашето училиште беше исполнет со посебна енергија, радост и креативност! Имавме прекрасна причина за славење – паралелно го одбележавме Светскиот ден на учителот и го означивме свечениот почеток на Детската недела.
Учениците и наставниците реализираа низа инспиративни активности:
📻 Училишно радио – Преку радио брановите се споделија пораки за почетокот на Детската недела. Голема благодарност до сите ученици кои со својот глас придонесоа за празничната атмосфера.
💡 Едукативни работилници – Учениците активно учествуваа во работилницата „Наши права – наша одговорност“, каде преку интерактивни задачи учеа за важноста на балансот меѓу правата и обврските. Посебно емотивен беше делот каде креативно се изразуваа на тема „Што ме прави среќен?“, потсетувајќи нè на едноставните, а вредни нешта во животот.
🍰🍩– Со многу љубов и труд, беше подготвена богата трпеза со солени и благи специјалитети, овошје и десерти. Оваа активност, поддржана од нашите прекрасни наставници, уште еднаш ја покажа големината на нашите срца и желбата за создавање спомени засекогаш.
На овој ден, сакаме да им се заблагодариме на сите наши наставници за нивната посветеност, трпение и љубов со која секојдневно ги водат нашите ученици по патот на знаењето.
Честит 5 Октомври – Светски ден на учителот!❤️
Нека ни е среќна и успешна Детската недела!✨
#ДенНаУчителот #ДетскаНедела #ООУНаумНаумовскиБорче #СпомениЗасекогаш #Насмевки #ВредностиШтоТраат







Поврзани содржини