Горди сме на нашата наставничка Дијана Николoвска!

dijana nikolovska 07 10 2025

Горди сме на нашата наставничка Дијана Николoвска!

По две години посветена работа, успешна реализација и бројни активности , заврши проектот „Меѓуетничка интеграција во образованието“, во кој нашата наставничка Дијана Николoвска беше еден од највклучените и најпосветените учесници.
На завршниот настан, на кој присуствуваа:
🇺🇸 Амбасадорката на САД во Македонија,
Министерката за образование и наука Весна Јаневска,
и амбасадорот на ОБСЕ во Македонија,
нашето училиште доби плакета и признание за успешната имплементација на проектот, благодарение на енергијата, идеите и трудот на Дијана.
Со својата искрена посветеност, креативен пристап и верба во соживот и почит меѓу учениците, таа остави силен печат во проектот и во училишната заедница.
Дијана е вистински пример за наставник кој ги поврзува срцата и ја гради иднината со љубов и разбирање.
#ДијанаНиколовска #ГордиНаНашитеНаставници #ОбразованиеСоСрце #МеѓуетничкаИнтеграција #ОБСЕ #НашетоУчилиште