МИСИЈА 🌱

Училиште со пријатна и здрава средина во која учениците непречено, со голема желба и интерес, ќе следат квалитетна и ефективна настава која нуди поддршка во индивидуалниот развој и формира морални личности со трајни и применливи знаења и вештини.
Зголемена е еколошката свест, меѓуетничката толеранција, почит кон другите и меѓусебната соработка.

ВИЗИЈА 🎯

Обезбедување на квалитетна и современа настава, како и позитивна, стимулативна и безбедна средина во која секој ученик и наставник ќе биде мотивиран и ќе има еднаква можност за непречен развој и надоградба.

МОТО

Образованието го отвора умот, го збогатува срцето и ја гради иднината!