Хумана комуникација кај младите – аспекти, фактори и креативни начини на нејзино развивање
На 2 октомври 2026 година, во Свечената сала на Ректоратот на УКИМ во Скопје, се одржа научната конференција „Хумана комуникација кај младите“, во рамките на истоимениот научноистражувачки проект реализиран од истражувачки тим од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ), со поддршка од Министерството за образование и наука.
Конференцијата ги обедини истражувачите, професорите, експертите и практичарите околу една исклучително значајна тема, развојот на хуманата комуникација кај младите, преку споделување на резултати, искуства и практични пристапи.
Особено значајно е што во истражувањето беше вклучено и нашето училиште со активно учество на училишниот психолог
Горди сме што нашето училиште беше дел од овој научноистражувачки проект и придонесе кон истражувањето на комуникацијата, односите и потребите на младите.
Кога училиштето, науката и практиката се поврзуваат знаењето станува основа за позитивни промени.







Поврзани содржини