Извештај од одбележувањето на денот на Пи
Тема: „Математиката е магија – од корен до бесконечност“
Датум: 13.03.2026
Денес во нашето училиште бројките „оживеаја“!
Го прославивме Светскиот ден на бројот Пи со многу смеа, магија и знаење.
Се потсетивме на анегдотите за големиот гениј Алберт Ајнштајн на неговиот роденден!
На обвинителната клупа беше изведен најголемиот математички мистериозен бегалец – Бројот Пи!
Преку практични примери, беа презентирани формулите за периметар и плоштина на круг..
Посебен акцент беше ставен на математичките и магични трикови, каде со помош на броевите се изведуваа „чуда“ на сцената
Детективот со својата лупа и математичка острина ги анализираше трагите од питата со дијаметар од 13 cm, докажувајќи дека во математиката ништо не е случајно.
Уживавме во магионичарски трикови кои ги решивме со чиста логика
Се смеевме со нашите стенд-ап комичари и математичките шеги
Посебен акцент на забавата дадоа учениците од четврто одделение, кои со својата одлично изведена кантри точка и весела кореографија ја наполнија салата со позитивна енергија и ритам.
Ги доделивме дипломите на нашите најуспешни математичари – горди сме на вас!
И секако… како што му прилега на еден вистински „Пи-ден“, настанот заврши со дегустација на превкусни „Пи-пити“ и слатки мафини подготвени од вредните раце на нашите ученици! Математиката не е само предмет, таа е магија што ни помага да „цветаме“ и да го разбереме светот околу нас.
Благодарност до сите ученици и наставници кои го направија овој ден незаборавен!
Овој настан уште еднаш докажа дека математиката не се само бројки на хартија, туку инспирација за уметност, игра и дружење. Учениците покажаа извонредна подготвеност, а енергијата во салата беше доказ за успешноста на оваа манифестација.
#ПиДен #МатематикаЕМагија #PiDay2026 #МладиМатематичари #УчилишниНастани #СреќенРоденденАјнштајн #PiDayCelebration


Поврзани содржини