Извештај за посета на Собранието
На ден 15.04.2026 се реализира посета односно обиколка на Собранието, која беше организирана од страна на одговорниот наставник по граѓанско Ана Петровска и училишниот социолог Даниела Караташова.
Педесеттина ученици го посетија Собранието при што ги посетија поважните простории во Собранието и беа соодветно информирани благодарение на господин Томе Гушев, раководител на оддлението за едукација и комуникација. Посетата беше интересна за учениците, а истата траеше околу два часа. Околу 11.30 часот учениците беа вратени назад во училиште со организираниот превоз.





Поврзани содржини