Megjunaroden den na zapochnuvanje na letnite chitachki kampanji 1

Меѓународен ден на започнување на летните читачки кампањи

По повод Меѓународниот ден на започнување на летните читачки кампањи со бројни настани и промоции (10 Јуни), со цел да се поттикнува и негува читачката култура кај учениците училишната библиотека, денес ги реализираше следниве активности: 🗓️📚☀️🌊📖✨

– Разговор со учениците за значењето на читањето во секојдневниот живот 💬🧠💡

– Разговор за најчитана книга во текот на целата учебна година 📕🏆🗓️

– Разговор со учениците што најмногу им остава впечаток од оваа учебна година (реализирана работилница, настан, претстава) 🎭🎨🤩

– Разговор со учениците како ќе го поминат слободното време за време на летниот распуст и препорака за дополнителна литература 🏖️✈️📚🕶️

– Промовирање на наградените ученици од библиотекарската секција со благодарница и книга за посветеноста, креативноста и љубовта кон книгата 📜🥇📘❤️

Училишната библиотека ќе продолжи да се залага секогаш за развивање на трајни читателски навики за подобрување на усното и писменото изразување, поттикнување љубов кон книгата. 🏫✍️📖🗣️🍀🌟

Nnb logo 360
Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе