Месецот на Франкофонијата

Месец на Франкофонијата

По повод Месецот на Франкофонијата, на часовите по француски јазик учениците учествуваа во различни игровни и едукативни активности. Преку игри, квизови и креативни задачи тие имаа можност на интересен и забавен начин да го збогатат своето знаење и да го применат научениот француски јазик.
Изучувањето на францускиот јазик е многу значајно, бидејќи тој е еден од најраспространетите јазици во светот и јазик на културата, дипломатијата и уметноста. Познавањето на францускиот јазик им овозможува на учениците да се запознаат со богатата франкофонска култура и да ги прошират своите образовни и културни хоризонти.
Преку ваквите активности часовите стануваат уште поинтересни и подинамични, а учениците учат со радост, креативност и голема мотивација.

NNB LOGO 360
Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе