Нека расте нашата свесност

Под мотото „Нека расте нашата свесност” во нашето училиште беше одбележан 2-ри Април Светскиот ден на Аутизмот.Дел од учениците од одделенска настава реализираа едукативна посета на сензорната соба во нашето училиште. Преку разговор и практични примери училишниот специјален едукатор и рехабилитатор ги запозна учениците со карактеристиките, намената и значењето на сензорната соба. Учениците со особена радост и задоволство ја следеа оваа едукативна активност која беше надополнета со изработка на постер испишан со мотото посветен на одбележувањето на овој ден.

Nnb Logo 360, 21-07-2025
Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе