Денес со учениците од 8-мо одделение беше реализирана работилница на тема ,,Обновливи извори на енергија и стакленички гасови” спроведена од организацијата за културна соработка-Интеркултура. Работилницата беше насочена кон споредба како обновливите извори на енергија не произведуваат или малку произведуваат јаглерод диоксид при создавање на енергија, додека фосилните горива создаваат големо количество на јаглерод диоксид кој е главен стакленички гас и придонесува кон глобално затоплување.
Учениците имаа можност преку експеримент да видат како се ослободува јаглерод диоксид, како се движи нагоре, ја оштетува озонската обвивка( во случајот го шири балонот) а со тоа се создава најштетниот стакленички гас кој што е главен причинител за климатски промени.