Оловното војниче 22 05 2026

Оловното војниче

Денес учениците од нашето училиште ја посетија Македонската Филхармонија и уживаа во музичката претстава „Оловното војниче“. 🏢🎼💂‍♂️✨

Преку оваа посета учениците се запознаа со значењето и улогата на филхармонијата, како и со светот на класичната музика и музичките инструменти. 🎻🎺🎹 Низ приказната, претставена преку класична музичка изведба, учениците имаа можност да ја доживеат уметноста на еден поинаков и впечатлив начин. 📖✨🎭

Целта на посетата беше да се развива музичката култура, љубовта кон уметноста, вниманието и емоционалното доживување кај учениците. ❤️🎵 Со голем интерес и воодушевување тие стекнаа нови знаења, позитивни впечатоци и едно незаборавно културно искуство. 🤩🧠🌟👏

NNB LOGO 360
Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе