Пешачење

peshachenje 30 10 2025

Пешачење

Учениците од активот на петто одделение, на часот по слободен изборен предмет, реализираа интересна активност под наслов „Пешачење“. Активноста ја комбинираа со посета на црквата „Св. Спас“ во Маџари, со цел да го збогатат своето знаење за културното и духовното наследство во нашата средина.
За време на пешачењето учениците уживаа во свежиот воздух, разговорот и заедничкото дружење. Во црквата беа пречекани со топло добредојде и имаа можност да слушнат повеќе за историјата на храмот и неговото значење за локалната заедница.
Со оваа активност учениците ја поттикнаа љубовта кон движењето, здравите навики и запознавањето со традицијата и верата. Денот го завршија со насмевки, нови впечатоци и убави спомени.