Посета на неолитското село „Тумба Маџари“
ИЗВЕШТАЈ за реализирана посета на неолитското село „Тумба Маџари“
Денес 28.04.2026 учениците од активот на V одделение реализираа едукативна посета на Тумба Маџари, значаен археолошки локалитет од неолитскиот период кој се наоѓа во близина на градот Скопје.
Целта на посетата беше учениците да се запознаат со начинот на живот на луѓето во праисторијата, поточно во неолитот, како и да стекнат практични сознанија за нивните живеалишта, алатки, обичаи и култура.
За време на посетата, учениците имаа можност да ги разгледаат реконструираните неолитски куќи, изработени од природни материјали како
дрво, кал и слама. Преку стручно водство, тие се запознаа со секојдневните активности на неолитските луѓе – обработка на земја, изработка на керамички садови, ткаење и користење на примитивни алатки.
Особено внимание кај учениците предизвикаа предметите од секојдневниот живот, како и начинот на кој луѓето во тоа време се снаоѓале без современа технологија. Посетата беше проследена со интерактивни активности и прашања, што придонесе за поголем интерес и активно учество од страна на учениците.
Со оваа посета, учениците ги продлабочија своите знаења од наставата по историја и добија појасна слика за животот во праисторијата. Воедно, се поттикна нивната љубопитност и почит кон културното наследство.
Посетата беше успешно реализирана и остави позитивен впечаток кај сите присутни.
Одговорни наставници:
Елизабета Темелковска
Снежана Величковска
Сања Груева






Поврзани содржини