Пубертет – промени и предизвици
Денес со учениците од 7мо одделение успешно се реализираше едукативно предавање на тема „Пубертет – промени и предизвици“, одржано од страна на стручно лице – доктор – специјалист гинеколог Влатко Гиревски.
Предавањето имаше за цел учениците да се запознаат со промените кои се јавуваат во периодот на пубертетот, како и со значењето на грижата за сопственото здравје и личната хигиена. Преку стручно, но прилагодено излагање учениците активно следеа и покажаа интерес за темата.
Ваквите активности се дел од нашите заложби за континуирана едукација, поддршка и јакнење на свесноста за здрави животни навики.
Им благодариме на докторот за посветеноста и професионалниот пристап, како и на учениците за активното учество.







Поврзани содржини