Реализирана заедничка креативна работилница – String Art во рамки на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието
На 2 јуни 2025 година, во просториите на партнер училиштето ООУ „Васил Главинов“ – Чаир, се одржа креативна работилница за техника String Art, во рамки на активностите за меѓуетничка интеграција во образованието. На настанот присуствуваа ученици и наставници од двете партнерски училишта, како и претставник од Министерството за образование и наука.
Работилницата беше вистински пример за соработка, креативност и меѓусебно почитување. Учениците, преку тимска работа, заедно креираа уникатни уметнички дела, споделувајќи идеи и инспирации. Во процесот, се изградија нови пријателства и се зајакна чувството на заедништво меѓу учениците од различни етнички заедници.
Активноста уште еднаш потврди дека уметноста претставува универзален јазик преку кој младите можат да се зближат, да ги надминат разликите и да изградат заеднички вредности.
Им упатуваме голема благодарност на сите ученици и наставници за нивниот ентузијазам, креативност и посветеност во реализацијата на оваа успешна работилница.