Роденденски ѕид
Денес учениците од II-б одделение преку кратка презентација се запознаа и ги повторија деновите во седмицата и месеците во годината. Преку разговор и различни активности ги утврдија своите знаења, а потоа заеднички изработија и роденденски ѕид на кој ги подредија своите родендени според месеците во годината. Активноста беше интересна и креативна, а учениците со голем ентузијазам учествуваа во неа. 🎂🥳🫶🏼






Поврзани содржини