Завршен настан на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието ,,ГРАДИМЕ НОВИ МОСТОВИ,,
Нашето училиште со гордост учествуваше во завршниот настан од проектот за меѓуетничка интеграција, каде што беа презентирани активностите и резултатите кои ги реализиравме со учениците.
На настанот присуствуваа високи гости:
🇺🇸 Амбасадорката на САД во Македонија
🇷🇸 Амбасадорката на Србија
Министерката за образование и наука, г-ѓа Весна Јаневска
Амбасадорот на ОБСЕ во Македонија
За успешната работа и нашата посветеност добивме и плакета – награда, како признание за придонесот кон зајакнување на меѓуетничката соработка и интеграција.
Посебна благодарност упатуваме до координатор и одделенски наставник Дијана Николовска и координатор-социолог Даниела Караташова за вложената енергија и ентузијазам, како и до поранешната директорка Светлана Петровска и сегашната директорка Елизабета Темелковска, кои со својата визија и поддршка овозможија успешна реализација на активностите.Големо БРАВО за 6-в одделение кои две години несебично и со голем труд работеа на овој проект заедно со нивната одделенска наставничка Дијана Николовска.
Ова признание е доказ дека преку образование, почит и заеднички ангажман, можеме да изградиме иднина во која различностите нè зближуваат и создаваат посилна заедница.