Под водство на Едувизија и со поддршка од Општина Гази Баба, денес ја реализиравме работилницата „Млади детективи“, со учениците од 8б одд., посветена на препознавање и спречување на штетни и лажни сајбер-малтретирања и дезинформации.
Во рамки на активноста беше спроведен и квиз за препознавање на точни и лажни вести, преку кој младите учесници ги зајакнаа своите вештини за критичко размислување и безбедно онлајн однесување.
Заедно градиме побезбедна и поинформирана дигитална заедница!