Денови на електротехника 25 04 2026

Денови на електротехника

Оваа недела во средното училиште „Михајло Пупин“ ⚡ се одржаа „Денови на електротехника“ 🔌. Овој настан беше многу интересен и поучен за сите ученици 😊. Имавме можност да научиме нови работи за струјата, уредите што ги користиме секој ден и како функционира технологијата околу нас 💡.
На почетокот, наставниците ни одржаа кратко предавање за тоа што е електротехника и зошто е важна 📚. Потоа следуваа различни активности. Гледавме демонстрации со мали електрични кола, светилки и батерии 🔋. Некои ученици дури и сами составуваа едноставни кола, што беше многу забавно 😄.
Имаше и изложба на ученички проекти 🛠️. Видовме роботи 🤖, мали вентилатори и други интересни направи. Сите беа направени од ученици со помош на наставниците. Најмногу ми се допадна роботот што се движеше сам, бидејќи изгледаше како вистински, и возилото за собирање на ѓубре 🚛.
На манифестацијата учествуваа ученици од повеќе основни училишта, како и од „Наум Наумовски Борче“ 🏫. Учениците: Миа Стојановиќ, Доротеја Симиќ и Милена Николова 👩‍🎓.
Во текот на настанот научивме дека струјата треба да се користи внимателно ⚠️, но и дека со неа можеме да направиме многу корисни работи 🔧. Еден од деновите бевме на посета на ХЕЦ „Вруток“ 🌊.
„Денови на електротехника“ беа прекрасно искуство 🎉. Се забавувавме, но и научивме многу нови работи 📖.
Одговорен наставник: Валентина Коруноска 👩‍🏫

NNB LOGO 360
Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе